На прашања околу денешните прозивки на Бојан Јовановски, лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека не ги коментира ваквите настани, прво затоа што се неточни.
„Со сите што сум се видел сум апелирал за законско работење, јас не негирам дека сум имал средби со него во телевизијата. сме коментирале одредени ситуации. Ако знам нешто дека е противзаконито, сигурно ќе му го кажам секому“, рече Заев.
На прашањето за каде се наоѓа во моментов Ден Дончев, Заев изјави дека тој е тука на работното место, се додека не се постави нов директор.
„Информиран сум за неговата оставка уште од март месец, од семејни и приватни причини и јасно ми е сега зошто тој ја поднесува овој период. Тој ќе ја извршува работата во Фондот, се додека Владата не назначи нов директор. Средниот син му беше болен, но ќе оставам тој да каже повеќе за тоа. Но, сигурен сум дека му беше преку глава од обвинувања, тензии и разни тригери кои му се упатуваа“, изјави лидерот на СДСМ.