Заев: Извозот во вториот квартал од 2021 е 763 милиони евра

од Nikola Popovski
204 прегледи

Премиерот Зоран Заев вечерва објави дека ТИРЗ бележи рекорден квартал со највисоко ниво на економски активности.

-Извозот во вториот квартал од 2021 е 763 милиони евра, што е за 140% повеќе во споредба со истиот период во 2020 година; За 7,12% е зголемен бројот на нови работни места во компаниите-инвеститори во ТИРЗ, во однос на 2020 година, информира премиерот.

Тој очекува ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и домашни компании.

-Креираме нов развоен концепт на македонската економија што се базира на квалитетни инвестиции кои носат добивка за компаниите, за државата и за граѓаните, напиша Заев.

Слични содржини