„Попис од 1 до 21 април ќе се спроведе и сметам дека дебатата околу тоа е завршена. Дајте да седнеме и да го завршиме, затоа што, ниту ќе смени нешто, ниту ќе скрати, ниту ќе дополни одредени предности, правила. Ќе даде само статистички операции“, соопшти денес премиерот Зоран Заев на прес-конференција.
Тој нагласи дека обрска на секој граѓанин е да се попише и најави санкции за граѓаните кои нема да сакаат да се попишат.
„Методологијата веќе е објавена и одговорени се сите прашања. Обврска, на секој граѓанин е да се попише. Има сериозни санкции за одбивањето, за давање одговори, односно непопишување со самиот попис. Тоа е граѓанска обврска кон државата и верувам дека сите ќе ја исполниме“, изјави Заев.
Уште еднаш, премиерот ги повика сите чинители во општеството – политичките партии, граѓанските организации, коморите, синдикатите и граѓаните, сите сериозни да пристапиме кон оваа статистичка операција.