Се враќа евтината објави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата на Република Македонија.

„Исполнивме уште една обврска, ја враќаме евтината струја. Кога ја креиравме програмата на Владата во фокус ни беа интересите на граѓаните. Еден од приоритетите ќе биде враќање на парите на граѓаните. Граѓаните ќе имаат евтина струја по два часа денска евтина тарифа и сабота од 14 до 16, секој работен ден од 22 до 7 и во неделите 24 часа евтина тарифа. Рековме дека враќањето ќе го обезбедуваме во текот на летото. Исполнувањето на должностите е прашање на честа и прашање на вредности и на почит што Владата ги има кон граѓаните. Зборот е збор. Во Македонија може добро да се живее добро. Овие мерки водат во насока на живот за сите во Македонија, живот во секој дом“, изјави премиерот Заев.
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев рече дека Владата на седница донесе одлука со која препорача да се направи анализа за воведување на евтината тарифа, и еве денес, како што кажа, граѓаните гледаат дека тоа е потврдено и реализирано.