Заев ја жртвува политичката кариера, но тоа го прави за доброто на државата, смета Османи

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вечерва за ТВ 21 изјави дека Зоран Заев, ја жртвува политичката кариера, но тоа го прави за доброто на државата, со што ја повтори тезата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дадена по интервјуто на премиерот за БГНЕС.

Додаде и дека покрај силната поддршка од Европската унија и САД за интегративниот процес на Северна Македонија, можно е да има и „трети земји“ кои веројатно работат во спротивен правец.

– И затоа треба да бидеме многу внимателни, изјави вечерва МНР Османи.