Заев: Јас сум храбар човек, носам сериозни одлуки, но не сум Дон Кихот

од Aleksandar Todeski
321 прегледи

Бројчаникот приватно го платив и е горе на Триумфалната капија. Еден милион евра се имаат инкасирано. Владимир Тодоровиќ плати има и други кои платиле, рече премиерот Зоран Заев во дебата на јавниот сервис.

„17 милиони чекаме од случајот „Трансмет“, тоа е конфискација на машини. 11 милиони сметки се болкирани на сметките на дијализата, 8 милиони во странство, 3 милиони тука, имаме судска одлука, тоа се блокирани сметки. За да се конфискуваат парите, треба да има судски пресуди. Затоа бараме конкретни пресуди, ефикасност. Очекуваме судовите да ја завршат работата. Се донесоа закони со консензус, извршната власт е тука, на крајот останува судот да ги почитува законот. Јас сум храбар човек, носам сериозни одлуки, но не сум Дон Кихот“, истакна премиерот.

 

Слични содржини