Заев ќе биде покровител на прославата по повод 80 години од антифашистичкото востание

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вечерва ги прими Никола Стојаноски, претседател на Главниот одбор делегација на Сојузот на борците од НОВ и Борко Зафировски, потпретседател на Главниот одбор.

Претставниците на Сојузот на борците на средбата ја потенцираа симболиката на јубилеите со кои оваа година се одбележуваат значајни настани од поновата историја, како што се 30 годишнината од прогласувањето на независност на нашата земја, првата годишнина од членството во НАТО, како и 80 годишнината од антифашистичкото востание и народноослободителната војна кои започнаа на 11 октомври 1941 година.

По тој повод премиерот Заев ја прифати поканата да биде покровител на оваа значајна годишнина од историјата на нашата држава во чест на борците од НОВ кои со својот самопрегор се вградија како државотворци во создавањето и впишувањето на македонската држава во мапата на народите на светот.

Слични содржини