Премиерот Зоран Заев најави дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела.
-Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев за ТВ 24.
Заев изјави дека прво што ќе му порача на новиот лидер на СДСМ, Димитар Кочевски е да ги чува вредностите на партијата.
-Тоа се слободата, солидарноста, демократијата, еднаквста и да го чува демократскиот капацитет и потенцијал, затоа што преку оваа партија и е потребен на државата. СДСМ е една од најголемите државотворни партии кои што во сите овие 30 години незавиноста ја одигра својата државничка улога. Аманетот е да победува на следните избори, за да може и СДСМ и своите вредности да бидат уште повеќе имплементирани, рече Заев.