Заев: Кога се претставува државата треба да се употребува репрезентација на С.Македонија

од Берта Китинска
296 прегледи

На денешните пратенички пршања , Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ  го праша премиерот Зоран Заев во однос на герешката направена со твитот на што, премиерот одговори дека фудбалската репрезентација ја преставувала државата, а според Догворот од Преспа, треба да стои репрезентација на Северна Македонија.

„ Кога се претставува државата, а репрезентацијата ја преставува државата, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија. Тоа е јасно потврдено во Преспанскиот договор. Македонско, македонски, македонско, македонец, тоа се употребуваат во сите други форми на општење и соопштување на ставовите. Затоа е коректно и политички да човек се корегира кога нешто е спротивно на Преспанскиот договор.Јас го потпишав тој договор.Порано за цел свет бевме ФИРОМ, само дома Република Македонија. Денес за цел свет сме Северна Македонија, за цел свет сме Македонци кои говорат македонски јазик. За идентитските прашања, нема преговори и нема да има преговори” “, рече Заев.

Слични содржини