Заев кон член на Левица: Посети си психијатар (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
7,2K прегледи

Членови и активисти на Левица денес речиси предизвикаа инцидент пред спомен меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“, кога владината делегација положи цвеќе во чест на загинатите, на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието.

„Зоки немаш лице да се појавиш овде. Му се посра на сите што се овде загинати. Треба да си славите уште еден празник таму во Бугарија, не овде“, зборуваше еден од активистите додека премиерот Заев се поклонуваше пред споменикот.

Премиерот на тоа му врати, обраќајки му се со зборовите: „Посетете си психијатар“, на што активистот на Левица му рече: „Да појдеме заедно ако сакаш?“.

Во целата непријатна конверзација, се вклучи и уште едно лице, кое му рече на членот на Левица: „Влада на Република Македонија е ова, како не ти е срам?“.

Сепак, за среќа не дојде до поголем инцидент. Премиерот си замина од местото на споменикот, а активистите на Левица останаа да го „окупираат“ просторот.

Група од 11 лица го „окупира“ споменикот и го попречи патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите (прв Пендаровски, а потоа владината на чело со премиерот Зоран Заев) само ги заобиколија и го положија цвеќето.

Ова се случуваше пред да се одржат обраќањата на претседателот Пендаровскии, на Круме Соколоски од прилепскиот Сојуз на борци и на градоначалникот Илија Јованоски.

Слични содржини