Заев: Крајно време е ДУИ да премине во опозиција по 17 години власт

од Vladimir Zorba
219 прегледи

„Зборот е збор во шеста изборна единица ќе го победиме ДУИ, во шеста изборна единица ќе ја победима Алијанса и Алтернатива, во шеста изборна единица ќе имаме најмалку дупло повеќе пратеници од ВМРО – ДПМНЕ затоа што тоа е иднината, затоа што едно општество е тоа што ни е Македонија, затоа што на нарадот му е преку глава од квазипатриоти и од квазинационализми, патриот и вистински љубител на својот народ и својата земја е човек што еднакво ги гледа сите граѓани пред себе да не ги дели по никаков основ…“, изјави вечерва лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Тетово.

Во недостиг на економска понуда, во недостиг на понуда за иднина, според Заев, ДУИ се враќа на национализмот, па ја понижуват интелегенцијата и на албанецот и на турчинот и на сите.

– Зарем не знаат дека се прочитани, па губат и тие од ваквите уценувачки политики, граѓаните кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде министер, кој ќе биде премиер, кој ќе биде претседател или било кој носител на функциите. Ние од СДСМ имаме директори, имаме министри Албанци имаме членови на парламентот Албанци или градоначалници Албанци, немаме проблем ни за премиер ни за претседател само да има добри кадарни луѓе, тоа е нашата Македонија, но тоа е одлука која што ја носат нашите граѓани. Затоа почитувани граѓани од Тетово крајно време е ДУИ да премине во опозиција, што е многу многу е, 17 години власт, здраво е и за државата, здраво е и за ДУИ…“, додава тој.

Слични содржини