Заев: Критиката и различните мислења се богатство и посебност на СДСМ

од Nikola Popovski
150 прегледи

„Критичкиот осврт и различните мислења од секогаш биле и ќе бидат наше богатство, посебност и различност од другите партии. Може е себично да кажам за партијата што ја водам, но тоа е нешто што мене ме привлекло во СДСМ и до денес ми е обврска да го негувам и усовршувам“ изјави премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Фокус“.

Тој додаде дека конфронтации во СДСМ имало секогаш, а сега во јавноста се појавиле снимки бидејќи бил одржан он-лајн конгрес.

„Целиот наш народ, вклучително и моите социјалдемократи треба да бидат среќни додека има внатрешна дебата во СДСМ и критичен осврт. Тоа значи дека демократски живееме и растеме“ кажа Заев.

Претседателот на СДСМ кажа дека се согласува со ставовите на поранешната заменичка претседателка на партијата, Радмила Шекеринска и ја опиша како еден од поттикнувачите на дебата во партијата.

Запрашан за тоа што градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски не е член на новиот Централен одбор на партијата, Заев одговори дека тој е член на ЦО како градонаалник, а самиот предложил тоа место да го ослободи за некој друг.