“Прилеп е нашиот предводник на правиот пат. И кога фашистичка чизма згазна, охрабрувајќи ги прилепчани но и сите граѓани на нашатата татковина. Прилеп е нашиот предводник кон слободата. Нема дилема, Прилеп знае да застане на правиот пат. Прилеп бил, Прилеп е и ќе остане на правиот пат“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во преполната сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Тој истакна дека меѓународниот фактор го препознава успехот сработен изминатите години од страна на оваа владина структура и дека нема да дозволат повторно криминалци да застанат на чело на државата.
„Го слушам Мицкоски пред некој ден во Прилеп вели тие македонскиот код ќе го врателе. Не, господине Мицкоски, ти сакаш само криминалниот код да го вратиш. Македонскиот код е загарнтиран како никогаш досега, признаен, потврден, верифициран. Денеска, почитувани прилепчани, ние сме Македонци, признаени од целиот свет, впишано во личната карта во Обединетите нации, е тоа е патриотизам“, рече Заев, упатувајќи прашање за однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лажните манифестации кои ги промовира.