Заев: Мицкоски се уште не е спремен да вози велосипед во мултиетнички средини

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев на новинарското прашање за тоа како ја коментар изјавата на Христијан Мицкоски дека неговата партија е во финална фаза со опозициските албански партии за заеднички настап на изборите, премиерот рече дека  претседастелот на опозициската партија се уште не е спремен да вози велосипед во мултиетнички средини.

-Јас ќе искористам една реченица убаво кажана од паметна жена која вели дека во мултиетнички средини, политиката , животот и работењето е како возење велосипед и ако престанете да ги вртите тркалата веднаш ќе паднете, значи морате постојано да ги вртите.Јас се надевам дека Мицкоски ќе се качи на велосипед и ќе тргне конечно да ги врти тркалата. За жал се уште тој не е спремен и јас навистина очекувам граѓаните да се изјаснат согласност своите перспективи и на нивните општини и да ги изберат најдобрите од понудите кои ги имаат на располагање, вели Заев.

Слични содржини