Премиерот Зоран Заев на прашањето во гостувањето на „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ дали планира да даде оставка која упорно ја бара опозицијата на своите протести тој вели дека нема причина за да донесе такава одлука бидејќи Мицкоски така мисли во целата своја хистерија.
– Ја сум толку растеретен од својата функција сум добил два мандати да ја водам извршната власт одиме напред резултатите се видливи, не гледам причина за оставка опозицијата може да бара, луѓето гласаа, сега мора да се работи, првото на интерпелација има по 100 дена може да ги отвориме картите. Мицкоски со своето хистерично однесување низ државата ги помага политиката на СДСМ во делот на нашата поддршка, а од друга страна одмага оти со слаба опозиција власта знае да не биде фокусирана, што не е добро. Овие денови ќе излезе анкета предноста е од 4 до 5 проценти, вели премиерот.