Заев му честиташе на Георгиевски: Се надеваме на злато

од Nikola Popovski
295 прегледи

Му честитам на нашиот олимпиец Дејан Георгиевски, кој стигна до финалето и ќе се бори за злато во таеквондо на Летните олимписки игри во Токио, објави премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека денешниот натпревар ќе го донесе првиот медал за Северна Македонија на ОИ во Токио и сите се надеваме дека ќе биде златен.

Дејан Георгиевски во 14:45 часот во Токио ќе се бори за првото олимписко злато во самостојна Македонија. Новиот спортски јунак се пласира во финалето во таеквондо во категоријата над 80 килограми, а во борбата за златниот медал треба да се бори со Русинот Владислав Ларин.

Со ова заврши постот од 20 години без медал. Првиот и единствен, бронзен, го освои Мохамед Ибрахимов во борење на ОИ во Сиднеј во 2000 година.

Слични содржини