Премиерот Зоран Заев му посвети награда на амбасадорот и медијатор Метју Нимиц, кој повеќе од две децении беше вклучен во спорот за името со Грција.
„Овогодинешниот Преспански форум за дијалог ќе го почнеме со награда која ќе биде традиција за лица кој што се посветени на изнаоѓање решение за спречување кофликти. Личноста која најмногу ја заслужи ова признание сте вие господине Нимиц. Ви благодарам за 25-годишната посветеност и работа на овој проблем и што се дојде до конечно решение“, изјави Заев.
Нимиц не беше присутен на форумот, туку преку видео-врска се обрати до присутните.
„Ова е најдолго посредување од едно лице за едно прашање. Јас само ги слушав двете страни околу 19 години, но со почит. Ви благодарам за наградата. На сите од регионот им посакувам побрзо решени проблеми“, изјави Нимиц во обраќањето.