206
Премиерот и сега веќе екс-лидерот на СДСМ, Зоран Заев му ја честиташе победата на Димитар Ковачевски .
-Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори.Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех.Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување.СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина.Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Северна Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство.Да живее СДСМ, напиша Заев на Фејсбук.