En Marchе! En route!Денеска од трибина од Струмица организирана од Амбасадата на Франција во Северна Македонија му честитав нов мандат на претседателот Макрон – реков дека тој донесе нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа, напиша на својот Фејсбук, поранешниот премиер Зоран Заев.
-Постојано се навраќам и се сеќавам на убавиот спомен и на пораката “По патот, напред!” испишана со негов ракопис на една од нашите средби.Кога треба да се донесе одлука меѓу либерализам наспроти конзервативизам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста. Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница.Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода, напиша Заев.