Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Србија на 13 септември, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, објавија српските медиуми.
Исто така, канцеларката треба да се сретне со лидерите на БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Косово, рече заменик -портпаролката на Кабинетот на министри на Германија, Мартина Фиц.
Како што додаде, германската канцеларка ќе се сретне во Белград со претставници на граѓанското општество на земјите од регионот.
Следниот ден, Меркел ќе отпатува за Тирана, каде што ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, а темите за разговор ќе бидат исти како и на средбата со Вучиќ.
– Следниот понеделник, 13 септември, канцеларката ќе престојува во работна посета на Западен Балкан. Таа прво ќе го посети Белград, каде што ќе се сретне со претседателот Александар Вучиќ. Централни теми на состанокот ќе бидат билатералните, економските прашања и интеграцијата со Европската унија – рече заменикот.
Во вторник ќе се одржи заедничка вечера, на која ќе присуствуваат шефовите на влади на сите земји од Западен Балкан.