Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, утре (15.03.2021 година) заминува за Луксембург каде што ќе ја предводи делегацијата на Владата во која е и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Работната посета започнува во текот на утрешниот ден, а во агендата на посетата на делегацијата на Владата на Северна Македонија е предвидена средба со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, како и средба со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел.
Владината прес служба ќе известува за сите активности за време на работната посета.