Она што го знаеме по сите информации е дека на крајот на март ги очекуваме првите количини на вакцини од Ковакс системот, рече премиерот Зоран Заев.
Како што денеска изјави тој вторите дози од руската вакцина „Спутник“ со која се вакцинираат здравствените работници ќе стигнат кон почетокот на следната недела.
-На 30-ти доаѓа министерот за одбрана на Кина и веруваме дека ќе донесе попрецизна информација кога ќе стигнат и кинеските вакцини. Мислам дека кон почетокот на следната недела ќе стигнат и вторите дози од „Спутник“ кои се користат за здравствените работници, изјави Заев.
Одговарајќи на новинарски прашања, Заев рече дека очекува солидарност за вакцините пред се, од Европската унија.
– Знам дека комесарот Вархеј прави максимални напори, знам дека легнаа на сметка одредени пари со кои треба да платиме. Тоа се донации, европски пари. Не ги знам деталите, соодветните министри ќе ги соопштат, но знам дека прават се, рече Заев.