„На претстојните локални избори ќе победиме по сите основи по кои се мери победата, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понудам порача“, премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Шења.
„ Верувам по сите основи на којшто ќе се мери победа. А тоа е вкупен број на гласови, вкупен број градоначалници, вкупен број советнички места во државата вклучително и Град Скопје. Тоа се според мене критериумите за победа. Јас верувам дека ќе ги исполниме сите овие четири основи за да прогласиме победа. Нормално, на крајот одлуката е на граѓаните. Тоа е само мое чувство ама го темелам на основа на политичкото искуство кое го имам, на основа на анкетите и истражувањата којшто ги очекувам. Сите анкети, вклучително и тие што ги прави ВМРО–ДПМНЕ во нивниот штаб, покажуваат преку 10% поголема разлика во полза на СДСМ во очекувањето на тоа кој ќе победи на изборите“, кажа Заев.