Заев: На митинзите на ВМРО-ДПМНЕ се уште се зборува за „чиста Македонија“, АА сака да „билда мускули“ преку национализам

од Nikola Popovski
352 прегледи

Нема дилеми во државата дека сме подобри од претходниците, зборувам за локално ниво, вели премиерот и претседател на СДСМ , Зоран Заев во гостувањето на дебатна емисија на ТВ Алсат.

Според него, ова е мерено во проекти, во однос кон граѓаните, во управувањето со локалните надлежности.

-Небо и земја е разликата. Владата е насочена кон општините. Ние сме единствената влада што поделила 50 милиони евра за да ги раздолжи општините. Денес кога одите низ цела држава, по градовите и селата, ќе видите многу проекти и радосни луѓе и тие викаат: Можело ова. Ајде сега да направиме уште повеќе, потенцира премиерот.

Тој најави дека владата има 100 милиони евра за канализации, но проблемите се често во проектната документација.

-На митинзите на ВМРО-ДПМНЕ се уште се зборува за чиста Македонија. До пред некое правеа протести за да ги ограничат прават на помалите заедници. Албанската опозиција билда мускули преку албанскиот национализам. Тоа не носи иднина и напредок, истакнува премиерот, зборувајќи за разликата меѓу владеачката партија и останатите во опозиција.

Слични содржини