Заев на „Преспански Јаболкобер 2021”: Го вреднуваме трудот на овоштарите и секогаш сме на страната на земјоделците

од Берта Китинска

Оваа Влада секогаш ќе биде во дослух со потребите и реалните очекувања на земјоделците и овоштарите. Ние знаеме да го цениме и вреднуваме нивниот труд и придонес за нашата економија и затоа носиме одлуки кои се во нивен интерес, вели премиерот Зоран Заев на „Преспански Јаболкобер 2021”.

-Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјоделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството.Во 2018 година, за 20 % ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка  се зголеми од 2 на 3 денари по килограм.Оваа година и покрај корона-кризата и глобалната економска криза, ги исплативме субвенциите за овоштарство во износ од околу 9,5 милиони евра, а Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година бележи висок степен на реализација, вели Заев.

Слични содржини