230
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во Виена.
Премиерот Заев, придружуван и од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе има и билатерална средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој е иницијатор и домаќин на Самитот.