Заев на „Спортисти на годината”: Спортистките и спортистите во Владата имаат партнер за обезбедување услови за високи спортски успеси

од Nikola Popovski
240 прегледи

Вчера претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, присуствуваше на настанот „Најдобрите спортисти за 2020 година”, организиран од Агенцијата за млади и спорт, предводена од директорот Наумче Мојсовски.

Во обраќањето премиерот Заев им честиташе на спортистите и спортистките за сите постигнати успеси и признанија укажувајќи дека во него треба да гледаат како на искрен пријател кој сака да го поддржи спортот.

„Покрај постоечките финансиски средства коишто федерациите и спортот ги добиваат од Агенција за млади и спорт, Владата обезбеди можност за дополнителни 10 милиони евра за развој на македонскиот спорт преку модифициран и приспособен ваучерски систем.

Ваучерите станаа системска мерка и секоја година расте интересот за овој начин на поддршка на спортистите. Разликите сами по себе говорат: Во 2020 година 677 компании донирале 547,7 милиони денари за разлика од 2019 кога 639 фирми донирале 492,9 милиони”, изјави Заев.

Тој истакна и дека ќе бидат разгледани можностите за законско решение со кое ќе се регулира и стажот на спортистите. Дека се воведува родова еднаквост во спортот со претензија да расте бројот на жените во органите на управување во спортските организации, почнувајќи од најмалку 30% во 2020 година, до 50% до 2024 година.

Слични содржини