Заев на средба со коалициските партнери добил поддршка за решавање на спорот со Бугарија

од Vladimir Zorba
261 прегледи

„Силна поддршка од владината коалиција за реализација на реформите и на зацртаните цели во Програмата на Владата од интерес на сите граѓани, како и за продолжување на напорите за барање решение за прашањето со Бугарија“, соопшти премиерот Зоран Заев.

„Завршувањето на стоте дена од мандатот и крајот на годината беа прилика да се состанеме со сите партии од владината коалиција и парламентарното мнозинство и да разговараме за сето она што го постигнавме, но и за идните чекори и планови за наредната година.

Заеднички оценивме дека Владата останува посветена на продолжување на реформите и постигнување на европските стандарди дома, кои обезбедуваат унапредување на судскиот систем, раст и развој на економијата и повисок животен стандард.

Уште еднаш упатувам благодарност до владините партнери од сите етнички заедници, коишто дадоа силна поддршка за продолжување на напорите за изнаоѓање решенија во однос на ветото од Република Бугарија“, посочи тој.