Заев на Виенскиот економски форум: С. Македонија е предолго оставена пред вратите на ЕУ, иако ги исполни сите услови

од Nikola Popovski
274 прегледи

„Виенскиот економски форум е навистина успешен и ја остварува својата мисија да точка на унапредување на регионалната политика и соработка на земјите од Западен Балкан и југоисточна Европа. Форумот ги поврзува политиките на владите од регионот и нивните амбиции и заложби“, изјави премиерот Зоран Заев од Брисел, кој присуствува на онлајн Виенскиот економски форум, посветен на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан.

Според него, С. Македонија е предолго оставена пред вратите на ЕУ, иако ги исполни сите услови за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„Ова е безусловно потврдено од ЕК, како и од огромното мнозинство уште во март 2020 година. Во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите земји-членки во ЕУ, кои ни даваат поддршка овој процес да започне уште во актуелното португалско претседателство со ЕУ“, истакна премиерот.

Тој додаде дека фокусот на Словенија е на земјите од Западен Балкан, за натамошниот успех, за нашиот интеграциски успех и затоа особено ќе се залагаат во текот на нивното претседателство со ЕУ, од 1-ви јули.

„Вархеји е наш комесар и сака да ни помогне на сите нас“, заклучи Заев.