Заев наброи неколку решенија кои ги бара претседателот Радев за деблокада на дијалогот

од Берта Китинска
278 прегледи

Конкретните решенија кои ги бара претседателот Радев, а кои верувам дека ќе ги сработиме до крајот на годината, се патоказот, кратко и долго име, немешање во внатрешните работи и секако преговарачката рамка на ЕУ со Бугарија, рече денеска  премиерот Зоран Заев.

Голем дел од спомениците што ги има и во Бугарија и во Северна Македонија, како што рече премиерот, треба да бидат во пријателски дух, така што, посочи, фашизмот не смее да има етничка димензија.

-Кај одредени наши споменици тоа е веќе направено. Каде што стоело бугарски фашистички окупатор сега веќе е фашистички окупатор, затоа што не можете цела нација да обвините за тоа дека учествувала во Третиот рајх во тоа време, рече Заев.

Заев појасни дека прво треба да има дипломатска нота, во која ќе се наведе дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија и дека немаме територијални претензии, дека не се мешаме во внатрешните работи, како и во однос на малцинските права.

– Конкретно ќе биде потребна дипломатска нота на којашто ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија и дека нема територијални претензии. Дека нема да се мешаме во внатрешните работи, вклучително и за малцинските права, затоа што станува збор за граѓани на Бугарија и тие го имаат своето право како луѓе и поединци. Секако и сите секторски соработки помеѓу институциите од сите области , објасни Заев.

Тој истакна дека Македонија е подготвена да и понуди на Бугарија да биде втората земја која ќе го чува македонското небо, затоа што Грција е првиот партнер во оваа област.

– Трета важна работа е да реагираме во спречување на говорот на омраза, пред сè самите институции да водат грижа низ сите свои активности да градат пријателство и да не провоцираат одредено непријателство и да се делува со апели и разговори кога се работи до приватни субјекти. За бројните споменици кои ги има во двете земји, не смее фашизмот да има етничка димензија, кажа премиерот.

Слични содржини