Заев: Национализмот може да ја уништи мојата земја одвнатре

од Nikola Popovski
253 прегледи

Национализмот може да ја уништи мојата земја одвнатре, но може да им наштети и на односите на Северна Македонија со Грција и Бугарија бидејќи провокациите и националистичката реторика може да им обезбеди на премиерите на Грција и Бугарија, доволно причини да преземат мерки против нас за да го заштитат нивното достоинство и гордост, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за ANTEREC – Академска мрежа за поддршка на политиката на ЕУ кон Западен Балкан.

Тој потенцира дека национализмот не придонесува за градење пријателства, не поттикнува врски и не обезбедува за просперитетна иднина.

За потпишувањето на Преспанскиот договор, Заев вели дека „со Алексис Ципрас никогаш нема да жалиме за компромисите што ги направивме“.

-Граѓаните од двете страни знаат дека не само што  „деценискиот спор“ најде конечна разрешница, туку и отвори пат за стратешко партнерство меѓу двете земји. Договорот дава цела рамка која овозможува идна соработка, вели Заев во интервјуто.

Слични содржини