Заев најави GAME CHANGE: Ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено и одма се знае кој затаил

од Берта Китинска
1,3K прегледи

Малку недостига со непресметливи луѓе, како што е раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ни отиде земјата во провалија, кажа

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир вчера истакна дека владејачкото мнозинство е стабилно и ќе се зголемува.

– Малку недостига со непресметливи луѓе, како што е раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ни отиде земјата во провалија.И уште нешто – најавувам вечерва – давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE – излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот. Систем другари. Правила и процедури. Секој штој пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој. Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо-до-рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба, кажа Заев.

Тој се обрати до скопјани, односно како што ги нарече, прогресивно граѓанство, кое на првиот круг од локалните избори ги казниле, иако не сакале да се врати режимот. Им порача дека предупредиле на време.

Слични содржини