Во најава е лидерска средба, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека до крајот на годинава, тој очекува средба да свика претседателот Стево Пендарпвски, но ако ако шефот на државата не закаже лидерска, тоа ќе го направи тој.
Од Кабинетот на претседателот соопштија дека Пендаровски не планира да свика лидерска средба, , откако премиерот ја најави, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски рече дека нема да учествува ако ја организира претседателот Пендаровски.
„И самиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во изјавата за медиумите вели дека претседателот на државата не е лидер на политичка партија, а тој бара свикување средба со лидерите на партиите“, истакнуваат од Кабинетот на Пендаровски за МИА.
Премиерот Зоран Заев најави одржување на лидерска средба.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика лидерска средба, но, не сум во тек што се случува. Доколку не се свика таква лидерска средба, јас би го контактирал денеска-утре претседателот на државата за една таква намера, доколку не, веројатно јас до крајот на годината ќе свикам лидерска средба и заради евроинтеграциите, но и заради справување со ковид-кризата и за сите груги сфери на интерс за граѓаните за кои би можеле да дискутираме на средбата, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање во рамки на отчетот за сработеното на Владата о првите 100 дена.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција ја реактуелизира потребата од итно одржување лидерска.
– Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичкиите партии, ние политичките партии да разаговараме за нешто, тогаш се знае треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае кој е тој кој треба да ја свика таа лидерска средба. Ние неколку пати досега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговаат на таа лидерска средба, стојам на располгагање. Но, на еден формат кој би бил организиран од Стево Пенадровски, нема да учествувам на ткава средба зашто не ја гледам улогата Стево Пенадровски на една таква лидерска средба, изјави Мицкоски, додавајќи дека ќе учествува на лидерска ако иницијативата доаѓа од Владата.
Двајцата се согласни дека на средбата треба да стане збор за корона кризата, евроинтеграциите и другите прашања кои се од интерес на граѓаните.