Заев најави огромно зголемување на пензиите

од desk2
681 прегледи

– Пензиите ќе растат, и тоа ќе растат со огромен пораст на пензиите како што досега не било, оти го ветивме тоа на пензионерите, порача премиерот Зоран Заев на денешната трибина на СДСМ во Куманово.


– Зошто можеме тоа да го кажеме сега сега, зошто нема веќе бандитски работи, нема споменици и музеи, има пари во буџетот. Плати и пензии не се исплаќаат од кредити, од парите на граѓаните. Пензинскиот фонд е стабилен, секоја година стававме по нови 50 милиони евра. Сега не само што нема дополнително во буџетот во фондот, пензионскиот фонд е стабилизиран и создава резервоар. Ако тоа се движи до крајот на годината со тоа темпо, а јас очекувам со уште поголемо темпо да се движи, очекувам да го постигнеме растот од 4 проценти оваа година. Со вака ослобдени средства во пензинскиот фонд немаме намера споменици и музеи да градиме. Ќе им поделиме на пензионерите, секој месец ќе има покачување, ќе биде тоа големо. За да се израдуваат и тие, да им дадат на внуците, порача премиерот Зоран Заев на трибината на СДСМ во Куманово.

Слични содржини