Заев најави отворање на 100.000 работни места во новиот мандат

од Vladimir Zorba

„Душата ни се кине кога ни заминуваат младите од дома. Одат да заработат, но тешко им е. Понекогаш монотон и тежок живот. Сега, со успесите на државата, ним дома им е иднината, тука им е предизвикот, тука мораме да ги искористиме. За две години отворивме над 60 000 работни места, во новиот мандат и 100 000 ќе отвориме само да има работа и стабилност за сите. Ова се генерациите кои ќе ја направат државата европска“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва од Крива Паланка.

„Затоа ве повикувам на 15 јули да одлучиме мудро и паметно. Нема тајни кај нас, се се знае. Секој граѓанин знае кој што и мисли на државата и затоа одлуката кого да изберете е лесна“, истакна Заев.

Потсети дека на есен ќе се отворат поглавјата со Европската Унија и дека со тоа ќе се отвораат и инвестициските фондови, дека државата ќе има повеќе пари и перспектива, а сето тоа ќе биде добра причина младите дома да си го градат животот.

Слични содржини