Заев: Направивме динамични политички новини – Шекеринска е тука, не оди на месечината, таа е дел од владата

од Берта Китинска
311 прегледи

Направивме динамични и кадровски и политички новини во СДСМ. Новата енергија, новата политика е возобновена со нови лица, има млади луѓе., изјави во Утрински брифинг премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Тој вели дека СДСМ е отворена партија со нови луѓе кои се дојдени  од надвор како предлози на раководствот.

– Вториот човек во СДСМ, Сања Лукаревска, дваесет години е во СДСМ, што е исто важно. Генерално, професионалните, општествените, експертски ставови се градат во сите дваесетина комисии кои се помошни тела на ИО и на ЦО. Сериозни општественици, најпрвите во кариерата или меѓу првите имиња во било која од областите членуваат во комисиите, ИО доаѓа од редовите на СДСМ на предлог на МО, на Општинските организации. Ние сме отворена партија и гледате дека имаме нови луѓе кои дојдоа од надвор како предлози на раководството. Кога збориме за Лукаревска и нејзиниот политички ангажман, морам да кажам дека таа како носител на Втората изборна единица директно се има вклучено во коментирањето на социјдемократските вредности, до социјалната политика. Кога збориме за меѓународните теми, тие прво се дефинираат во владата, второ градењето на политиките обично е со повик на луѓе кои се стручни. Шекеринска е тука, таа не оди на месечината, таа е дел од владата, работам со Димитров, но во партијата има и Дипломатски клуб, вели премиерот Заев.

Слични содржини