Неможам да сватам ниту јас, ниту нашиот преговарачки тим, а верувам ниту нашата македонска јавност, како на некој може да му е поважно да од овие 12 часа разговори, повеќе од 8-9 часа потроши на важноста на донесување на законот за забрана на објавување на политичките бомби од европската иднина на сите граѓани на Република Македонија.
Навистина неможам ниту јас ниту било кој од нас да имаме рационално објаснување дека не може да се постигне договор за едноставни работи и упорно да се купува време до последните моменти. Остануваат уште 20 часа од денешниот ден да се имплементира законот за специјалниот обвинител и да се избере техничката влада на Република Македонија за да може да се испочитува договорот потпишан на 2 јуни и 15 јули.