Заев: Не ни требаат бајпас решенија за членство во ЕУ

од Берта Китинска
143 прегледи

Во однос на проширувањето на ЕУ, премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција соопшти дека на нас не ни е потребни бај-пас решенија за членството во ЕУ.

-Во новата година се надевам дека ќе најдеме решенија за одржување на разговорите за преговарачката рамка. Немаме алтернатива за влез во ЕУ не ни требаат бај-пас решенија за нашето членство, нашата земја заслужува да биде дел од ЕУ, ние сме вистински подготвен кандидат кој ги има спроведено  внатрешните реформи,Знам дека постои европското во ЕУ и дека ќе го продолжи патот на проширување, изјави Заев.