Премиерот Зоран Заев за радиото „Канал 77“ изјави дека не се кае за тоа што го изјавил за бугарскиот медиум „БГНЕС“ и напоменува дека интервјуто било наменето за бугарската јавност.
„Да зборувам отворено: интервјуто беше дадено за да работи позитивно во Бугарија. И Борисов е многу често критикуван дома затоа што отворено зборува за македонски народ и јазик. Лидерите што не калкулираат и не ја ставаат во прв план својата политичка кариера“, вели Заев.
Тој додаде не оди да учествува на дебати во ТВ Алфа, поради сомнителното финансирање на медиумот од Унгарија.
За прашањето на бугарското вето, Заев смета дека има време за договор, но очигледно е дека нашиот источен сосед ќе стави блокада на евроинтеграциите на Македонија.
„Не планирам да дадам оставка доколку добиеме вето“, истакна премиерот.