Заев: Не правиме нов договор со Бугарија

од Берта Китинска
272 прегледи

Ние немаме преговори, ниту пак правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за делот на преговарачката рамка што ја носи Европскиот совет, значи одлуката е таму, не се одлучува нешто во Бугарија или во Северна Македонија, рече премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарски прашања за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се водат тајни преговори со Бугарија.

Алармантни се информациите кои ги добив од дипломатски извори за новото предавство подготвувано од дуото Заев-Бучковски,  објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Бучковски во Софија, а Заев од Скопје, деновиве координираат тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена од бугарскиот парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската Унија. Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија, напиша Мицкоски.

Слични содржини