Заев не се согласува со Црвенковски: Договорот за добрососедство куќа гради и секој договор може да донесе нешто добро

од Nikola Popovski
263 прегледи

Верувам дека до крајот на декември, ќе изнајдеме решение со Бугарија, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

За тоа како го моментира мислење на поранешниот премиер и претседател Бранко Црвенковски дека Договорот за добрососедство и пријателство ѝ носи лошо на Македонија, Заев рече дека не сака да навлегува дополнително со негови коментари за тоа.

-Си има тој свој начин на гледање на работите, а јас моите секојдневно ги соопштувам преку медиумите. Договор куќа гради и секој договор може да донесе добро и секој договор е нешто европско, а Европа не учеше во изминатите 75 години како низ дијалог се поминува процесот на останати трауми од Втората светска војна и градењето пријателство, потенцира премиерот.

Слични содржини