„Не сум побарал, ниту сум повикал на широка коалиција. Јас споделив една идеја, која што е вредна за размислување“, рече премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Сител.
Тој напомена дека тргнал од себе, „ако народот рече дека Заев не чини, нека го сменат“.
„Немам проблеми да се повлечам, само за да биде добро за државата. Овде сум за да дадам прилог колку што можам за мојот народ. Можеме да направиме поголема ефикасност, да си ја средиме државата. Ни стигнуваат пораки застанете еднаш заедно, одработете за државата. Јас тврдам дека можеме да имаме и повеќе пратеници. Можеме да привлечеме пратеници и од опозицијата, што и веројатно ќе се случи. Понудата (за широка влада) може да се случи за еден месец, после локални, од следните парламентарни… Но, треба некој да ја отвори оваа тема. Ова е дел од мојата нова политиката“, рече Заев.