Заев: Не знам зошто Кичеец се упатил кон Скопје

од Берта Китинска
381 прегледи

Разговарав со директорот на Управата за извршување на санкции, и ме информираше дека Зоран Милевски-Кичеец  имал целосна документација за лекување, кажа денеска премиерот Зоран Заев.

„Тоа е право на секој затвореник, како што има право на годишен одмор, има право на викенд, така има право на лекување. За деталите ве упатувам на Управата за извршување на санкции. Не знам зошто се упатил кон Скопје, можеби поради лекарска помош, треба да прашате во Управата.  Јас прашав бидејќи еве вие медиумите, но и јас како претседател на Влада, е да се заинтересираме дали ова е според закон“, рече Заев.

Слични содржини