Заев: Недела е денот кога треба да се зададе правецот за демократска и современа држава

од Nikola Popovski
225 прегледи

Погледнете ги изминатите четири години. Споредете ги со оние 11 пред тоа, па потоа донесете одлука за претстојните избори, порача во видео обраќање претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

-Дали да талкаме неодлучно, де на исток, де на запад, пола чекор напред, три чекори назад? Дали сакаме несигурност, без стратешки партнери и меѓународни пријателства? Дали сме за нови конфликти, за кавги, за граѓани од прв или втор ред?, прашува Заев.

Според него, доколку одговорот на овие прашања е познат, недела е денот кога треба да се зададе правецот за општини кои работат за народот, но и за демократска и современа држава, меѓународно етаблирана, партнер со големите сили, за општество во кое доминира грижата за луѓето, за Северна Македонија која оди напред, стабилна, мирна и просперитетна.

-Македонски народе, длабоко сум уверен дека модерниот патриотизам во 21 век не значи измислување нови идентитети, градење лажни митови и бели палати. Современиот патриотизам значи поглед напред, јасна визија, одлучност, цврст став, градење мостови, создавање стратешки партнерства и реализирање на сонот на генерациите пред нас, порача Заев.

Слични содржини