Заев: Нема да се случат етнички калкулации со пописот

од Nikola Popovski
187 прегледи

„Пописот треба да се реализира во арпил, бидејќи наесен треба да се одржат локалните избори, а 2022-та е веќе доцна државата да спроведува попис“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој посочи дека се прават напори предлозите на опозицијата што се однесуваат на законот за попис да бидат прифатени и додаде дека опозициските партии во овој процес биле вклучени повеќе од една и пол година.

Тој појасни дека етнички калкулации нема да се случат, бидејќи има три категории попишување – едниот дел се вкупно сите граѓани, вториот дел се граѓани резиденти, односно сите граѓани што живеат во земјата и третата група се граѓани што се иселени на подолг период од една година. Тоа, според него, ја прави беспредметна и ирационална дебатата за етничка припадност или колкави се процентите и слично.

„Опозицијата даде нов предлог, да користиме отпечаток од прст. Јас не знам како ќе го користат отпечатокот граѓаните што се иселени по една година. Правиме напори. Министерот за правда веднаш стапи во контакт со донатори да видиме дали може да обезбедиме донации, имаме амбасади кои располагаат со преку 20 милиони евра поддршка за изборите во државата, па замолуваме да одвојат пет милиони евра, па да купиме пет илјади терминали за отпечатоци кои ги користиме за изборите, ама еве ќе помогнат и за пописот“, изјави Заев.