Заев: Нема одложување, пописот ќе почне на 5 септември

од Берта Китинска

„Не размислувам за одложување на пописот, тој е наша обврска и наша должност“, рече премиерот Зоран Заев, додавајќи дека тој е веќе договорен и дека беше еднаш одложен по барање најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот уште еднаш упати апел граѓаните да се пријават за попис.

„Ја користам оваа прилика уште еднаш да апелирам до граѓаните. Примањата се од 25 илјади до 45 илјади денари за 25 дена анкетирање. Апелирам граѓаните, посебно во општините во кои што има дефицит на луѓе, да се пријават за да може на време да се заокружат сите бројки. Јас верувам дека ќе имаме доволно попишувачи. Пописот е статистичка операција која што е насушно потребна за сите наши економски планови и предизвици“, рече Заев.

Слични содржини