Заев: Немало закани по животот на Груевски, тој лаже

од desk2
135 прегледи

Премиерот Зоран Заев вели дека немало посебни индиции дека поранешниот премиер Никола Груевски осуден во случајот „Тенк“ за купување на „Мерцедесот“, на две години затворска казна, затоа што слободно трчал покрај кеј со своето обезбедување.

„Значи, тој лаже“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата посветена на Буџетот.

-Тој доаѓаше на седници во Собрание, учествуваше во комисии, слободно се движеше, трчаше со своето обезбедување на кеј. Значи, тој лаже, дека имало закани по неговиот живот“, рече Заев.

Тој не верува во сценаријата дека Будимпешта е попатна станица и дека Груевски може потоа да пребега во Русија или во Турција.

Очекува тој да се екстрадира и да ја отслужи казната која му е одредена.

Вели дека истрагата треба да покаже како се одвивало бегството.

Заев очекува одговори и за тоа дали тој своеволно побегнал или бил киднапиран, објаснувајќи дека секоја амбасада е туѓа територија, па треба да се знае дали своеволно пребегал или бил киднапиран.

„Јавно го поставувам прашањето. Дали Груевски доброволно ја напуштил државата, или можеби бил киднапиран. Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговор“, рече Заев.