Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите истакна дека се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници во земјата.
„ Веднаш превзедовме чекор што мислам треба да превземат и во иднина да не дозволиме да се случуваат вакви трагедии. И оваа трагедија има поуки, се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници низ земјава, и веројатно долг период пред нас ќе бидат предмет на испитување на ваквите болници. Тоа се болници за згрижување на пациенти. Сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите треба да ги прифаќаме како трагедии со најобјективни претпоставки и најобјективни очекувања и испитувања за нивната причина“,рече премиерот Заев.
Тој уште еднаш напомена дека ќе остави истрагата да ги покаже сите детали.
-Никој не е венчан за функцијата, секој е заменлив, но не треба веднаш да си даде оставка затоа што некој тоа го бара. Оставам експертите да ги кажат сите детали околу трагедијата, тоа го чекаме сите, рече Заев.