Заев: Никој нема да го укине предметот Историја

од Nikola Popovski
307 прегледи

„Немаме дилеми дека историјата е основата за нашата сегашност и за димензионирање на нашата иднина. Без историја, без нашето минато ние не постоиме, ние сме никој и ништо. Тоа е многу важно, при тоа не значи дека не треба да отвориме дебата за реформа во основното образование. Нешто мора да направиме за подобро и поперспективно образование за нашите деца. Никој нема да го укине предметот Историја“, изјави премиерот Зоран Заев на гостувањето на телевизија „Сител“ по реакциите на дел од јавноста за најавените реформи во образованието.

Заев истакна дека намерата не е да се укинат предмети, туку да се отвори дебата во јавноста, со родителите, со стручната јавност за да се дојде до поквалитетен и интегриран систем, пред сè во корист на децата, бидејќи образованието постои за нив.

„Формирана е работна група без било каква партиска или политичка определба. Луѓе коишто работеле на основното образование, кои знаат и даваат сугестии. Одржан е состанок на 300 наставници во основното образование. Сите сугестии се дадени, даден е еден темплејт, еден драфт, кој е отворен за дебата. Дајте да го издебатираме и така ќе произлезе најдоброто за сите“, посочи Заев и дополни дека без никакво унапредување на образованието најмногу губат децата и не е фер кон учениците.

Слични содржини