Премиерот Зоран Заев денеска го посети седиштето на Бугарска социјалистичка партија во Софија.
-Со претседателката на БСП, Корнелија Нинова имаме иста главна цел – Народите да ни бидат блиски и заедно во ЕУ. На денешната средба во Софија се согласивме дека преговорите на Северна Македонија со Европската Унија мора да почнат час поскоро и дека секоја поддршка во оваа насока е од исклучителна важност.Северна Македонија и Бугарија имаат и желба и капацитети за европско лидерство во однос на изнаоѓање заедничко прифатливо решение за отворените прашања. За тоа од огромна помош можат да бидат и заедничките вредности на БСП и СДСМ како сестрински партии, информираше Заев на социјалните мрежи.